Во средата, 31 јануари, во рускиот главен град пристигна Џереми Микс, американскиот фотомодел познат како „најзгодниот робијаш на светот” откако на интернет е објавена негова фотографија по апсењето. Во Русија дојде да игра во музички спот на руската пoп ѕвезда Олга Бузова.
Микс на својот „Инстаграм“ профил веќе објави фотографија на која изгледа многу замислено на Црвениот плоштад, додавајќи во коментарот дека Москва е „убава“ и „смрзнувачка”.
Бузова изрази одушевеност поради доаѓањето на Микс и рече дека снимањето на спотот веќе почнало, така што наскоро може да се очекува тие двајцата заедно да се појават на екраните.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче