Роман
le.too onscreenДваесет и тригодишниот згоден припадник на органите на редот имаше 50 илјади следбеници на „Инстаграм“, а објавуваше фотографии во униформа и цивилка, во друштво на пријатели и позадини со романтични пејзажи. Следбениците редовно забележуваа дека полицаецот воопшто не личи на своите колеги и ги истакнуваа неговата пријатна надворешност, модерната фризура и посебниот стил на облекување.
Фотографиите на атрактивниот полицаец, меѓутоа, се сочувани на други ресурси. Судејќи според сѐ, тој се вика Роман, а како што неговиот профил стануваше сѐ попопуларен, а луѓето почнаа да го нарекуваат блогер, тој почувствува потреба да направи отстапка и да соопшти дека тоа кај него предизвикува само насмевка.
„Никогаш немав некоја конкретна цел имајќи профил на „Инстаграм“, тоа отсекогаш беше само за мене. Судејќи по растот на популарноста почнав да сфаќам дека тоа и вам ви се допаѓа, за што сум ви благодарен“, напиша необичниот полицаец кон средината на октомври, извинувајќи се што не стигнува да одговори на сите пораки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче