Внимавајте на лажни банкомати во текот на Светското првенство во Русија!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Луѓето, особено странците, се предупредени да користат официјални банкомати само за да избегнат да не бидат измамени од криминалци.

Руската јавност е прилично возбудена поради претстојното Светско првенство, па така и криминалците во земјата. Настанот е одлична можност да ги измамат странците, објаснува Централната банка на Руската Федерација на својот веб-сајт.

Луѓето се предупредени да внимаваат особено на лажни банкомати. Се знае дека криминалците набавуваат вистински деактивирани банкомати, инсталираат опрема за скиминг, а потоа ги ставаат на јавни места. Кога некој ќе ја стави својата картичка, уредот ќе ги прочита нивниот пин код и податоците пред да каже дека не работи. Во меѓувреме, измамниците бегаат со информациите и ги користат да крадат пари.

Значи, ако имате какви било сомневања за некој банкомат, најдобро е да побарате друг.

За сè што можеби би сакале да знаете за Светското првенство во 2018 година во Русија, прочитајте го нашиот Водич за навивачите од Мундијалот 2018