Две мали мечиња спасени во шума во Русија

Министерство за природни ресурси и екологија на Тверската област
Слатките животинчиња беа напуштени од мајка си пред да ги најдат ловци, кои ги однесоа во Меѓународната фондација за благосостојба на животните.

Две мечиња беа пронајдени сами во шума во Тверската област (200 километри северно од Москва). Тие се само 15 до 20 дена стари и сѐ уште слепи - толку беспомошни.

Спасувачите сметаат дека нивната мајка била исплашена од дрвосечачи. Мечките многу ретко се враќаат на места од кои бегаат, дури и ако ги остават своите малечки.

Дрвосечачите и ловците ги пронајдоа младенчињата, ги држеа во пазуви за да ги стоплат и го контактираа Меѓународниот фонд за благосостојба на животните, каде што сега се третираат од страна на професионалци пред да бидат вратени назад во дивината.

Прочитајте како Русија и САД ги спасуваат белите мечки

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња