На Интернет се појави прекрасно видео во кое е прикажана лисица во Владивосток која чека рибарот да и фрли риба. Животното седи трпеливо на мразот додека човекот му зборува, пред да му понуди дел од својот улов, кој лисицата со благодарност го прифаќа. Веројатно рибата била толку вкусна што лисицата се враќа по репете.
Рибарот се шегува дека не може да улови доволно за лисицата, но и ветува дека ќе и даде уште.