Жената падна, а очевидците веднаш повикаа брза помош. Меѓутоа, како што обично се случува, кога ќе тргне на лошо, се случуваат и други несакани работи. Возилото за брза помош заглави во снегот, па жената беше префрлена во болница во корпа на багер. Возачот во услови на нулта видливост мораше да вози со отворена врата.
Сепак, таа имаше среќа да стигне до болницата, каде лекарите веднаш ѝ укажаа прва помош, дијагностицирајќи повеќе повреди со различен степен на тежина.
Поради ветрот кој дуваше со брзина од 35 метри во секунда е прогласена вонредна состојба.
А како изгледа одблиску руската зима во Сибир покажа еден ученик од едно село во република Јакутија кој со група ученици се враќаше од училиште и подоцна ја закачи снимката на интернет. Наставата во училиштата таму се прекинува кога температурата паѓа 40 степени под нулата, меѓутоа кон крајот на ноември, кога децата се најдоа среде меќава и со нулта видливост, температурата беше „само“ минус 15, а брзината на ветрот достигнуваше 30 метри во секунда.
Прочитајте како Русите опстануваат во неверојатните климатски услови?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче