На видеото Профута рапува на една од улиците во Алепо, додека во позадина се гледаат неколку БРТ-82а. Музиката се слуша од звучници од теренско возило.
„Проверувавме една од улиците во Алепо, јас одев и снимав некакви силни детали кои се спојуваа во строфа“, раскажува Профута. Според него, импровизираниот концерт се одржал уште на 21 јануари на неговиот професионален празник - Денот на инженериските сили, меѓутоа видеото поради некои причини испливало на социјалните мрежи дури сега.
„Едноставно решив да ѝ дадам таков подарок на нашата група, одбрав музика и почнав да си ја рецитирам песната. Командирот ми рече дека далеку ќе стигнам. Иако всушност сакам да се запишам во Тјуменската виша воена инженерска командна школа и да завршам за офицер“, истакна Профута.
Профута бил во Сирија двапати – во Палмира и во Алепо. Со рап се занимава од 9-годишна возраст и има настапувано на концерти.
На социјалните мрежи видеото предизвика вистинско воодушевување. „Деминерот растура во Сирија! Да ти е мерак да го гледаш и слушаш!“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи, жалејќи се притоа на лошиот квалитет на видеото, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче