На 29 декември десетици Дедо Мразовци парадираа низ центарот на Москва како дел флешмобот со кој се славеше доаѓањето на 2018 година.
Во придружба на тапани, руските Дедо Мразовци одеа по улицата „Тверскаја“ до Плоштадот на Револуцијата. Минувачите беа поканети да се приклучат на прославата и секој што беше облечен како Дедо Мраз доби специјални награди од организаторите на настанот.
Moskva Agency
Во меѓувреме, Дедо Мразовците делеа прегратки и бараа од луѓето да си замислат желба. Наводно, тие требало да се остварат во текот на овој викенд. Иако не е научно докажано, сепак прегратките никогаш не убиле некого!
Moskva Agency
Moskva Agency
Прочитајте колку трошат Русите за Нова година?