Живописната и таинствена Русија на фотографии: 2017 пред вашите очи

Начин на живеење
ОЛЕГ ЕГОРОВ
Како и секогаш, најголемата земја на светот и оваа година ни понуди голем број на убави глетки. Russia Beyond-Македонија ви претставува некои од најдобрите фотографии направени во Русија во текот на изминативе 12 месеци.

Ни останаа уште неколку дена во 2017 година. Тоа е можност да се потсетиме на најнезаборавните моменти на Русија од нејзиниот Далечен Исток до западните граници, од Арктикот до јужните мориња. Подалеку од нервозата и хаосот на современиот свет, оваа година ни донесе многу убавина, која благодарение на фотографите е зачувана на овие снимки.

Па каква беше за Русија оваа година? Како и обично, беше единствена, ништо помалку единствена од пурпурното езеро или од залезот на сонцето на Бајкал.

И природата и луѓето ни дадоа глетки за паметење.

Земјата беше подготвена за борба, победа и прослава.

Луѓето понекогаш мораа да се кренат високо за да пронајдат најдобар кадар.

Луѓето понекогаш мораа да ја штитат природата (и себеси) од катастрофите, а камерата и тоа го забележа.

Студено и топло во исто време: Русија оваа година понекогаш испушташе пареа и чад.

На крај, сепак, Русија во 2017 година беше како и секогаш: желна да ужива во моментот на хармонија и мир, а потоа да тргне напред, истражувајќи понатаму и стремејќи се кон иднината.