Дознајте по која цена може да се купи руски „Тигар“ произведен 2007 година

Arnar Ram 2, commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=20526456
На сајтот за бесплатни огласи во градот Брјанск на продажба е понуден ГАЗ 2330 „Тигар“ 233001, кој има поминато само девет илјади километри.

Теренецот произведен 2007 година поминал, како што се наведува, само 9000 километри, под хаубата има дизел погонски агрегат со зафатнина од 5,9 литри, со 205 коњски сили и механички менувач.

Како што тврди сопственикот на „Тигарот“, автомобилот кој поминал 8 илјади километри го купил на почетокот на оваа година, по што во специјален сервис му е извршена доработка.  

Во опремата на овој модел влегува вител (12 тони), биксенонски светла, акустика, комбинирана кабина, камера за возење наназад, дополнителна звучна изолација и уште многу други нешта, што сѐ заедно чини „незначителни“ 4,5 милиони рубли (околу 64280 евра).

Прочитајте повеќе за најпознатите  руски теренци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња