Советскиот и рускиот спорт на поштенски марки

Извор: Lori / Legion Media

Извор: Lori / Legion Media

Спортот многу често претставува извор на инспирација за советските и за руските издавачи на поштенски марки.

Спартакијада 1936: сеќавање на турнирот што не се одржа 

На советските поштенски марки спортската тематика се појавила во 1935 година за време на подготовката за Светската спартакијада во 1936 година, која била замислена како противтежа на „буржујските“ Олимписки игри. Во списанието „Советски колекционер“ на читателите им биле понудени сижиња за поштенски марки наменети за овој настан кој бил од големо значење за СССР: „Тркачи на сто метри пред целта: еден во црвено со ѕвезда на маицата, а друг во црно со фашистички симбол. Црвениот е пред црниот“, „Скијање со коњи: на скиите е црвеноармеец, атлет, борец во првите редови на Црвената армија“, „Спортистка која од пушка гаѓа во мета: со болшевички зборови, како од пушка, прецизно ги гаѓа нашите внатрешни и надворешни непријатели“. 


Извор: Press Photo

На крајот спартакијадата не се одржала и во историјата останаа само поштенските марки, како „сирачиња“. Инаку, на објавената марка посветена на веслањето, како „противтежа“ на пролетерскиот спорт, била искористена фотографија од традиционалните трки на Темза помеѓу универзитетите во Кембриџ и во Оксфорд. 

Гренобл 1967: Пророчка серија 

Во 1938 година спортот зазел стабилно место на советските марки. Објавени биле серии марки „Спортот во СССР“ и „Подготвен за труд и за одбрана“ на кои се прикажани војници на скии и спортисти на парада. По повод Денот на жената на 8 март 1949 година била напечатена поштенска марка „Жената во спортот“. Спортските колекционери во 1957 година добиле вистински подарок: Советскиот Сојуз наспроти 33 Светско првенство во хокеј на мраз ја објави првата серија поштенски марки посветена на овој спорт. 


Извор: Press Photo

Во очи на Зимската олимпијада во Гренобл во 1967 година беше објавена мала серија марки на кои се претставени само четири спортски дисциплини од вкупно десет од оваа Олимпијада. Подоцна во секој од овие спортови – хокеј, скокови, уметничко лизгање и алпско скијање – советските спортисти го зазедоа првото место и освоија медали, а Владимир Белоусов стана прв и засега единствен олимписки шампион во скокови во историјата на СССР и на Русија. 

Сочи 2014: Марки со QR код 

Најголемите руски спортски серии на поштенски марки се посветени на Олимпијадата од 1980 година во Москва и на Зимските олимписки игри во Сочи од 2014 година. Програмата за двете манифестации започнаа две-три години пред самите натпреварувања. За марките посветени на Летната олимпијада на обичната цена била додадена доплата ( на пример; 4+2, 6+3, 10+5 копејки), која, како и на првата модерна Олимпијада во Атина, била потрошена за покривање на трошоците за организација на игрите. 


Извор: Press Photo

По повод Олимпијадата во Сочи 2014 објавени се неколку големи серии: олимписки маскоти, спортски дисциплини, олимписки стадиони, олимписки факел, руски легенди во зимските спортови, туризам во околината на Сочи, па дури и марка со QR код. Освен тоа, за првпат во олимписката филателија официјалните марки на земјата-домаќин на Олимпијадата истовремено се објавени на шест јазика. 

Игри на народите на Русија, земја од тенискиот терен и Формула 1 

Руската филателија со текот на годините доби уште неколку интересни серии посветени на спортот. На пример, во 1994 година по повод одржувањето на „Игрите на добра волја во Санкт Петербург“ и во 1996 година по повод одбележувањето на 50-годипнината од домашниот хокеј. 

Уникатната серија „Спортски игри на народите на Русија“ беше објавена во 1999 година. Во оваа серија на марките се претставени натпреварувања на степските народи на коњи, татарската боречка вештина курјаш, трки со запреги со ирваси, кревање гирји (посебен вид тегови во облик на топка со дршка). 


Извор: Press Photo

Познато е дека на светот досега се објавени поштенски марки со мирис на чоколада, на дрвја, па дури и на керамика. По повод првата победа на руските тенисери во Дејвис-купот 2002 година објавени се марки на кои на сликата на пехарот беше нанесено сребро, а на сликата од теренот земја од Париз на која се одиграни финалните мечеви помеѓу репрезентациите на Русија и на Франција. 

Грандиозен настан за руските љубители на спортот беше доаѓањето на Формула 1 во Русија во октомври 2014 година. Секако, по повод овој настан беше објавена и пригодна поштенска марка. На денот на финалните трки во Сочи таа беше и официјално пуштена во продажба, а во блискиот Олимписки парк беше одржана свеченост на која со специјален печат со фиксиран датум за првпат беше поништена оваа марка. 

Во август 2015 година ќе започне објавување на неколку серии поштенски марки по повод одржувањето на Светското првенство во фудбал во 2018 година во Русија. Затоа ловците на раритети повторно заземаат низок старт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња