Дали би го крстиле вашиот син Биткоин?

Pixabay
Едно семејство од Крим штотуку го стори тоа...

Едно семејство од Симферопол на Крим го крсти својот новороден син Биткоин – како посвета на највредната глобална валута.

Среќниот татко ја објасни изненадувачката одлука со огромното влијание што биткоинот го има на финансиската состојба на семејството, така што сакал да ја изрази својата благодарност до криптопазарот со именувањето на својот син Биткоин.

Наводно, семејството не сака да запре на тоа. Родителите веќе се согласиле да ги крстат нивните деца по други криптовалути и според наводниот творец на Биткоино: нивната идна ќерка ќе се вика Даша (по криптовалутата Даш) а нивниот следен син ќе биде „криптокрстен“ Сатоши по Сатоши Накамото (лицето или групата луѓе кои го креираа биткоинот).

А за други интересни имиња во Русија, прочитајте во нашата статија  Во Чебоксари родители ја крстија ќерка си Вселена

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња