Жител на Челјабинск си го променил името во Исус

Жител од Челјабинск си го сменил името на Јешуа Бен Мариам Ел Машиа (Исус, син на Марија, Месија).

Жител од Челјабинск си го сменил името на Јешуа Бен Мариам Ел Машиа (Исус, син на Марија, Месија). Ова го пренесува Chelyabinsk.ru, повикувајќи се на заменикот на началникот на Управата на Федералната служба за миграција, Јана Голдибаева. 49-годишниот маж, кој порано се викал Вјачеслав, ги добил документите на 24 април.

„Овој граѓани веќе пет пати го менува пасошот,а четири пати ги менува своите податоци. Сметам дека тоа е уникатен случај“, изјави Голдибаева. Според нејзините зборови, жителот на Челјабинск го сменил името поради религиозни причини.

Самиот тој тврди дека „секогаш зборувал со светиот дух“, а личната карта и пасошот со името Исус му е потребна за да биде „социјално активен, да живее некаде, да патува во Ерусалим“.

Според податоците, жителот кој го променил своето име има жена и 8-годишен син Давид. Притоа, Chelyabinsk.ru пренесува дека самиот Исус нема деца, и иако се смета себе си за Месија, тој е разведен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња