Колку трошат Русите за Нова година?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Како ќе си ја поминеш новогодишната ноќ, така ќе си ја поминеш целата година!“

Нова година слободно можеме да ја наречеме најважен сенароден празник во Русија. Тоа е и време на трошење на пари за подароци, за празничната трпеза, веселба и огномет. Затоа што руската поговорка вели: Како ќе си ја поминеш новогодишната ноќ, така ќе си ја поминеш целата година!

Според истражувањето на компанијата „Делоит“, Русите во просек се подготвени да потрошат на Новата 2018 година и Божик 17600 рубли (299 долари) по лице. А тоа е за 600 рубли (10 долари) поскапо од дочекот на 2017 година.

Што се однесува до подароците, 69% од Русите најмногу би сакале некој да им даде пари, да ги испрати на патување (41%) или да им врачи паметен телефон (37%). Но мнозинството сепак ќе добијат слатки или козметички производ, а само 31% пари. 

Инаку, најпопуларни зимски дестинации за Русите се Тајланд, ОАЕ и Турција. Но многумина Руси планираат да ја поминат Новата година дома.