Путин раскажа поучна шега за тоа зошто треба да се финансира армијата

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На големата конференција за новинарите рускиот претседател се досети на некои шеги кои објаснуваат зошто е важно да се финансира армијата.

Шефот на руската држава првин се досети на стара изрека за тоа дека оние кои не сакаат да ја хранат својата армија, ќе хранат туѓа.

„Тоа е стара вистина. Постојат и современи шеги“, додаде претседателот. И се сети на шегата за офицерскиот син кому еден врсник во дворот му нуди да се менуваат – парадниот војнички нож на татко му за нов часовник.

„А момчето вели: покажи ми го часовникот. Убав е, секоја чест. Но што ако утре се појават бандити, ме убијат мене, ја убијат мама, ги убијат твоите браќа, ја силуваат твојата сестра. Што ќе правиш тогаш? Нема белки да кажеш: добровечер, времето во Москва е 12 часот и 30 минути“, раскажа Путин, ги насмеа присутните и заслужи громогласен аплауз.

„Ние не сакаме таков развој на настаните“, заклучи рускиот претседател.

На 13 голема конференција за новинарите на Путин се акредитирани 1640 новинари.