Во Русија има околу 800 илјади луѓе кои се претставуваат како видовити, предвидуваат судбина, гатаа, лекуваат со магија, гледаат во дланка... Таквите податоци ги наведува Руската академија на науки.
На пазарот на езотериски вештини во Русија годишно се заработуваат 30 милијарди рубли (повеќе од 400 милиони евра). Една консултација со видовит чини од илјада па до 5 илјади рубли (од 20 до 70 евра) во зависност од тоа колку видовитиот е познат и во зависност од регионот. Додека во соседен Казахстан не постои никаков ценовник за слични услуги и се дава „колку што не ти е жал“. Во Азербејџан просечната цена на една сеанса е 25 евра, а во Грузија 5 евра.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче