Дизајн чекор пред времето: Десет проектантски решенија на повоената советска индустрија

Советските инженери биле автори на многу иновациски футуристички проекти. За жал, само некои од нивните решенија се пуштени во масовно производство.

Советските власти во 1962 година донеле мошне важна одлука насочена кон подобрување на стандардот на граѓаните. Издаден е указ „за усовршување на квалитетот на стоката во машиноградбата и во лесната индустрија по пат на воведување проектантски методи“. 

Оваа мошне нејасна формулација значела дека е роден повоениот советски индустриски дизајн.

Оваа потреба за современ дизајн не ја формулирале уметниците и дизајнерите, ами научноистражувачките институти и инженерите. Еве неколку највпечатливи примери на конструкторски и инженерски проекти кои станале дела од советското секојдневие. Други, пак, не отишле подалеку од цртеж. 

Ова е советската компјутерска станица „Sphinx“ конструирана во 1986 година. „Sphinx“ имаше футуристички квадратни дискови (за дискети), далечински управувач и мали монитори кои можеа да се откачуваат“, вели Александра Санкова, директорка на Московскиот музеј на дизајнот. „Денес имаме мобилни телефони и тач-скринови, а сето тоа уште тогаш било измислено“.

Ова не е космички брод од советските филмови, ами чудо на советската машиноградба – камион од индустриска класа БелА3-540 (Белоруска фабрика за автомобили) кој во 1965 година ја конструирал Валентин Кобилински. Но, проектот е карактеризиран како мошне иновативен, така што камионот на крајот изгледал поинаку. 

Египетските мумии сигурно се „превртуваат во саркофазите“ од завист. Овој проект е создаден во Сесојузниот научноистражувачки институт за техника и естетика, но никогаш не бил пуштен во сериско производство зашто Советскиот Сојуз немал индустриски потенцијал за негова реализација. 

Државата произведувала сè, па дури и садови. „Нашата економија беше планска. Неа ја регулираше државата“, вели Санкова. „Имаше само три вида автомобили, три вида амбалажа за млеко и шест вида телефонски апарати“. Ова е илустрација од списанието „Новие товари“ („Нова стока“) издаден во 1962 година. Станува збор за вообичаен изглед на советска реклама. 

Советските „ударници“ не внимавале многу на модата, па државата решила да им помогне и почнала да прави нова облека. Многу жени носеле исти фустани, капути и обувки, но и тоа било тешко да се купи поради дефицитот и високите цени. 

Кои советски песни ги знаете? Сте чуле ли за Едита Пјеха? Или можеби во слободно време сте сакале да слушнете некој говор на Брежњев? Уживајте слушајќи го на магнетофонот „Сајгак“. Ова е портабл верзија од 1987 година. 

Советската држава обрнувала големо внимание на играчките. Покрај познатата „неваљашка“ (играчка која не може да падне), црвените кукли и разни видови производи од гума, автомобилските фабрики произведувале и играчки. Оваа фотографија е направена во 1970 година во московската работилница каде се правеле детски автомобили АЗЛК (со ознака „Москвич“). 

Казашката советска Република имала напредна лесна индустрија. Ова е фотографија од 1971 година направена во фабрика за детски играчки. Оваа кукла може да се најде во речиси секое семејство каде имало девојчиња. Пред многу години ваква фрлена рака или нога била симбол на однесено детство. 

Определени советски предмети биле препознатливи во целиот свет. На пример, маскотата на московските Летни олимписки игри од 1980 година. Луѓето кои ја паметат оваа година сè уште се сеќаваат на песната „Проштавај, наше меко мече“.

И овие коњчиња за нишање биле исклучително популарни во Русија. 

Мебелот е еден од најчестите симболи на советскиот период, и сè уште може да се види во многу станови. Младите го нарекуваат „бикини мебел“ зашто често кога одат на гости гледаат идентична закачалка или кујнска гарнитура како онаа што ја имале нивните дедовци и баби во Советскиот Сојуз. Денес постои дури и хоби – собирање и реновирање мебел од советскиот период. Од него се прават стилизирани ентериерни украси. 

Изложбата на советскиот индустриски дизајн во Московскиот центар за мода и дизајн на Серускиот музеј за декоративна и примената уметност трае до 12 јануари 1918 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе