Советски дизајн: од арт деко до функционализам

Извор: Михаил Кулешов

Извор: Михаил Кулешов

Во московскиот Музеј на архитектурата „А.В. Шчусев“ е отворена изложбата „Советски дизајн. Од конструктивизам кон модернизам. 1920-1960“. „Руска реч на македонски“ се сеќава на историјата на рускиот индустриски дизајн од тоа време.

Историјата долга половина век е претставена на слики, цртежи и објекти – мебел, ламби, радиограмофони. Предмети кои сосема лесно би можеле да им конкурираат на најдобрите западни примероци, проектирани од уметниците-авангардисти и од водечките архитекти, а кои се зачувани во еден примерок – нивната вредност долго време не била осознаена, па затоа и не биле чувани. 

На крилјата на авангардата 

Советскиот дизајн претставува коктел од стилови и историски контекст. Неговото појавување се совпаѓа до две револуции – политичката, која во целост ја изменила социјалната средина на „потрошувачот“ на уметност и дизајн, и уметничката која започнала нешто порано. Во дваесеттите години од минатиот век – времето на подемот на авангардата – центарот на дизајнот и, всушност, аналог на Баухаусот, во Москва станал ВХУТЕМАС (Виши уметничко-технички работилници). Таму предавале Родченко, Ељ Лисицки и Татлин. Државата ги објавило првите конкурси за изработка на масовен мебел за пролетеријатот; уметниците предлагале повеќенаменски варијанти направени од прости елементи. Еден од најуочливите е проектот на ентериер на работен клуб, создаден од Родченко, а наменет за советскиот дел на легендарната изложба во Париз во 1925 година. Тоа е оној истиот кој станал европски триумф на арт деко, и покрај кој останал речиси незабележан павилјонот на Ле Корбизје L'Esprit Nouveau. Идеите на Родченко со рационални, едноставни форми биле во духот на овој последниот. 

Извор: Михаил Кулешов

Уметност на агитацијата 

Во триесеттите години од предметното окружување се бара идеолошко соодветство: сè, па дури и мебелот, треба да предизвика класно чувство на гордост кај градителите на комунизмот. Советската симболика – ѕвездата, српот, чеканот, класовите пченица – проникнува насекаде. Но, ова е декорација; формите се позајмувале од уметноста на минатото – арт нувото и неокласицизмот. Свртувањето кон идеологијата може лесно да се увиди кај еден битов предмет – ламбата за кабинети. На портретите на Ленин на масата се гледа ламба со зелен стаклен абажур во форма на печурка. На фотографиите од кабинетот на Сталин – „наркомовска“ ламба од темен метал со мал абажур од ткаенина и со амблем со срп и чекан. Ламбите ги изработувала фабриката „Електросвет“, но тие не се појавувале во слободна продажба – тие биле поставувани во кабинетите на Кремљ. 

ТОП-6 ремек-дела на советската архитектура 1920-1950 година
Најдобрите примероци на советската архитектура биле изградени во првите 30 години од постоењето на СССР. Токму во тоа време Москва ја украсиле футуристичката Шуховска кула, помпезниот хотел „Москва“ и седумте стројни сталински висококатници. „Руска реч на македонски“ потсетува на најважните градби од процутот на советската архитектура.

Карактеристичен предмет од сталинското време е дабовата гарнитура за домовите-комуни „Леб на комунизмот“ во Смоленск, создаден во 1937 година од скулпторот Игор Крестовски. Шкафовите за книги, кожните дивани и столчиња се повторуваат во формите на мебелот арт нуво. Но, на наслоните од фотелјите и на вратичките од шкафовите се красел српот; флоралните мотиви ги заменуваат сноповите класови, а на орнаментите се гледале ѕвезди. Големиот стил, кој го добил името „сталински ампир“, го зазема своето место. 

Еден од глобалните проекти на дваесеттите и триесеттите години од минатиот век била изградбата на „Домот на владата“ кој влезе во историјата според насловот на романот на еден од неговите станари писателот Јуриј Трифонов како „Дом на кејот“. Архитектот Борис Иофан одговарал не само за „ѕидовите“ на зградата, туку и за окружувањето – според неговите нацрти се правел мебел за становите. И, иако ентериерот на зградата е типичен образец за сталинскиот ампир со богати орнаменти на таванот, мебелот е пример за конструктивизмот. 

Скромност и функционалност 

Во 1955 година владата објавува декрет „за отстранување на непотребното во градежништвото“, потпишан од Хрушчов. Масовните живеалишта кои можат брзо да се конструираат од типски елементи (таканаречени „хрушчовки“) бараат нов приод кон ентериерот: во малечките соби предвоениот мебел не би влегол. Во педесеттите години од минатиот век Јуриј Случевски измислил модулен систем кој го регулирал односот на висината и на ширината на конструкцијата на мебелот во зависност од растот на човекот. Проектантските работилници, кои подоцна биле трансформирани во Институт за мебел, разработувале ентериер во чија основа лежеле идеите на конструктивизмот. Пример во изложбата за тоа се полиците од ореово дрво од стан во зграда на Проспект Мира, изградена од група архитекти на чело со Иван Жолтовски. Зградата била наменета за московската елита, но веќе од едно друго време. 

Изложбата трае до 12 април, muar.ru

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња