„Ливерпул“, кој првпат по сезоната 2008/09 се пласираше во плеј-офот на Лигата на шампионите, го зазеде првото место во групата Е.
„Спартак“ ја заврши групната фаза на третото место и продолжува да игра во плеј-офот на Лигата на Европа. Досега најлошиот резултат на московскиот клуб беше токму поразот од „Ливерпул“ со резултат 0:5 во групната фаза на Лигата на шампионите 2002 година.
Рускиот првак имаше реални шанси да се најде во плеј-офот на Лигата на шампионите во случај да го победи „Ливерпул“ благодарение на нерешениот резултат во натпреварот со овој тим и победата над Севилја (5:1) во натпреварите во Москва.
Вториот руски клуб во годинешнава Лига на шампиони, московскиот ЦСКА, не помина во плеј-офот на Лигата на шампионите откако загуби од „Манчестер Јунајтед“ со 1:2 во Англија. И ЦСКА ќе игра во плеј-офот на Лигата на Европа во февруари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче