„Спартак“ нов фудбалски шампион на Русија

Тренерот на ФК „Спартак“ од Москва Масимо Карера на натпреварот од 13 коло на руската Премиер лига против ФК „Том Томск“.

Тренерот на ФК „Спартак“ од Москва Масимо Карера на натпреварот од 13 коло на руската Премиер лига против ФК „Том Томск“.

Аљона Кардаш / РИА „Новости“
Екипата на московски „Спартак“ го освои првенството во фудбал на Русија.

Московски „Спартак“ е победник во руската фудбалска премиер лига за сезоната 2016/17, соопштува „Лента.ру“.

Екипата на „Спартак“ ја освои шампионската титула откако „Зенит“ од Санкт Петербург загуби од „Терек“ од Грозни со резултат 0:1.

На тој начин, на три кола до крајот на првенството, „Спартак“ се здоби со недостижна предност од 10 бодови во однос на тимот на ЦСКА.

Црвено-белите станаа шампиони на Русија по пауза од 16 години. Последниот трофеј „Спартак“ го освои во 2003 година, освојувајќи го Купот на Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња