Новата гардероба за членовите на руската олимписка репрезентација за прв пат беше прикажана на 29 новември.
Дмитриј Голубович / Global Look Press
Целата облека за Олимписките игри 2018 во Јужна Кореја ја дизајнираше руската компанија Заспорт.
Дмитриј Голубович / Global Look Press
Новата колекција содржи 72 парчиња, од јакни, ракавици, шалови па се до костими за капење и патни торби, сите во бојата на руското знаме и со симболите на Олимписките игри.
Дмитриј Голубович / Global Look Press
Дел на колекцијата е произведен во Италија, Турција и Кина. Кежуал гардеробата е произведена во Русија.
Дмитриј Голубович / Global Look Press
Зимските олимписки игри ќе се одржат во Пјонгчанг 9-25 февруари 2018 година.
Дмитриј Голубович / RIA Novosti
Меѓународниот олимписки комитет конечната одлука за тоа дали на Русија ќе ѝ биде дозволено да учествува ќе ја донесе на 5-ти декември.