На Уралец му се заканува голема парична казна за поставување на GPS на неговото теле

Алексеј Малгавко/RIA Novosti
Евгениј Васиљев примени едноставна кинеска техника за да го следи своето теле, меѓутоа руските безбедносни служби го обвинија за шпионажа.

Евгениј Васиљев, татко на четири деца, живее во селото Лопатка во Курганската област (2000 километри источно од Москва). Овој 39-годишен човек нарачал од кинескиот „АлиЕкспрес“ нешто што драматично му го промени животот, но не на начин на кој тој сакал.

Евгениј е долгогодишен астматичар кој со сите сили се обидува да ги исполни сите свои секојдневни задачи, во спаѓа и грижа за малото теле. Така, размислувајќи нестандардно, од Кина нарачал GPS локатор кој го прицврстил на главата на телето за да биде во можност да го следи животното место да го бара надвор. Уредот чини само 390 рубли (околу 5,5 евра), а според лошиот руски превод на сајтот, може да се користи за следење на животни, луѓе и автомобили.

Васиљев немал поим дека купува нешто недозволено сѐ додека на врата не му заѕвонија безбедносните служби. „Тие ја прегледаа мојата куќа и моето теле и си отидоа со мојот GPS локатор“, вели Евгениј.

Според рускиот закон, таквиот уред е незаконит и спаѓа во „посебна техничка опрема за собирање на тајни информации“. Несреќниот човек сега го чека судско рочиште, а за адвокат нема пари. Ако биде прогласен за виновен, му се заканува парична казна од 200 илјади рубљи (2880 евра).

Васиљев вели дека е обвинет за обид за прислушување: „Кого би можел да го прислушувам во селото? Уредот не е како оние „бубачки“ кои можете да ги видите на телевизија, овој е со големина на кибрит“, изјави Евгениј за  Znak.com.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња