Видео: Ространснадзор“ казни Сибирец кој подигна во небо автомобил

Скриншот

Скриншот

YouTube
„Ространснадзор“ го казни со парична казна сопственикот на балонот во Новосибирск поради нелегални летови. Тој при еден таков лет, место кошницата на аеростатот користел мал автомобил „Ока“, се наведува на веб-страницата на Западносибирското обвинителство за сообраќај.

Според податоците на обвинителството, минатиот август балонот на топол воздух АХ-7 три пати се кревал од територијата на рекреативниот центар „Пикникови рај“ на подрачјето на микрореонот „Горски“ на височина од околу 25-30 метри.

Сопственикот на балонот, кој нема пилотска дозвола ниту документи за леталото, незаконски го користел воздушниот простор од класата „Ц“ без дозвола и план за летање во зоната за маневрирање на леталата кои слетуваат на градскиот аеродром Толмачево. На 10 август Сибирецот место кошница на небото кренал автомобил марка „Ока“, пренесуваат руските медиуми.

Овој необичен лет бил изведен како дел од забавниот проект на видеоблогерите од каналот на „Јутјуб“ „Гараж 54“. Сопственикот на балонот го врзал автомобилот за куполата наместо кошниците на барање на видеоблогерите кои во шега најавиле создавањето на првиот во светот летечки автомобил.

Меѓутоа, надзорните тела сметаат дека летот „претставувал закана по животот, здравјето и имотот на неопределен број луѓе кои се наоѓале во зоната на кревање на балонот“. Против сопственикот на балонот е поведена постапка за административна повреда според три члена од Управниот законик, па така на Сибирецот му е одредена казна од вкупно 6,7 илјади рубли (помалку од 100 евра). Исто така, поднесена е и тужба со која на сопственикот на балонот се сака да му се забрани  летање.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња