Како Москва го решава проблемот со сообраќајните мешаници

Рамиљ Ситдиков/RIA Novosti
Градските власти наскоро ќе започнат сосема нов проект: поврзување на градовите-сателити на Москва со железница. Се очекува дека новата инфраструктура во следниве пет години ќе ги намали сообраќајните мешаници за 10 до 12 отсто и ќе им овозможи на патниците од еден аеродром на друг (на другиот крај на Москва) ќе стасаат за еден час.

Ако никогаш не сте биле во руската престолнина, тогаш веројатно не сте почувствувале вистински сообраќаен метеж. Часови поминати во колоните на патиштата каде автомобилите се движат како полжави, автомобилски сирени и бес – сево ова е депресивно секојдневие на московскиот возач.

Претседателот Владимир Путин и московскиот градоначалник Сергеј Собјанин, секако, ги избегнуваат мешаниците со користење хеликоптери или, пак, со движење по посебни ленти, но тие сепак се обидуваат да го решат овој сообраќаен проблем.

„Во моментов работиме на проект чија цел е развој на Москва како сообраќаен јазол, автопати, надземна и подземна железница“, рече Собјанин за време на разговорот со претседателот Путин на 15 ноември.

Од станица до станица

Властите во соработка со Руската државна железница (РЖД) се фокусираа на градската железница. Во 2016 година беше отворена Московската централна кружна линија на метрото која ги поврза релативно оддалечените делови од градот за да се намали притисокот врз метрото. Околу 400.000 луѓе дневно ја користат оваа линија на метрото, што е околу 150 милиони патници годишно.

А, сега градот започна и нов проект – надземна железничка мрежа која ќе ги спојува градовите од Московската област.

Поврзаност на железничките линии

„Подобрата поврзаност на железничките линии ќе направи инфраструктурата да биде поефикасна“, рече Собјанин. На пример, една од линиите ќе го спојува Одинцово (26 километри западно од Москва) со Лобња (40 километри северно) со директна линија.

Како што изјави Олег Белозеров, претседател на РЖД, новата линија ќе ја користат 43 милиони патници годишно, и таа двојно ќе го скрати времето на патување. Туристите исто така би имале полза: откако ќе заврши проектот, патувањето од еден аеродром на друг (на другиот крај од градот) ќе трае само еден час.

Првите две линии, кои претставуваат 30 отсто од целиот проект, ви требало да бидат завршени до средината на 2019 година. Останатите ќе се вклучат во мрежата во следните пет години, рече Собјанин. Новите железнички линии годишно ќе превезуваат 300 милиони патници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња