Скриншот
Според зборовите на продавачот, во кабриолетот ЗИС 110 (Завод „Сталин“, подоцна ЗИЛ) од 1949 година се возел маршалот Жуков на свечености и воени паради. Се тврди дека овој автомобил подоцна доспеал во Одеското филмско студио каде што го возел каскадерот Виктор Сикачов.
Кога во 1974 година кабриолетот бил повлечен од употреба, на каскадерот му било дозволено да го откупи автомобилот, така што до 2006 година оваа кола била користена за свадби. По 2006 година се нашла во Москва каде е целосно реновирана и средена.
Легендарниот автомобил се продава за 45 милиони рубли (640 илјади евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче