Поштата на Русија за 45 дена испорача писмо до компанија оддалечена 850 метри

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската поштенска служба во државна сопственост „Пошта на Русија“ побара од новинската агенција „РостовГазета“ да ја отстрани статијата од нејзиниот веб-сајт во која е етикетирана како најбавната поштенска компанија во земјата. Сепак, на „Поштата на Русија“ ѝ требаа 45 дена да достави писмо до агенција која се наоѓа на 850 метри од една од нејзините филијали.

„РостовГазета“ одговори со иронична приказна споредувајќи ја брзината на поштарите со најбавните суштества во светот: полжави, желки и мрзливци. Според нивните пресметки, излегува дека една желка ќе го достави истото писмо шест илјади пати побрзо, а мрзливецот – за 200 пати. Изданието истакнува дека само рекордното темпо на еден полжав „останува несрушено“.