Новата портпаролка на Шојгу стана ѕвезда на социјалните мрежи во Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Една од ударните вести изминативе два дена во рускиот сегмент на интернетот е новата портпаролка на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу. На оваа должност е избрана 26-годишната ТВ новинарка Росијана Марковскаја.

„Таа одлука е донесена на 15 ноември“, изјави Марковскаја за агенцијата „РИА Новости“, а пренесува порталот rg.ru.

Таа појасни дека ќе работи како портпаролка на министерот за одбрана, додека Игор Конашенков и понатаму ќе биде шеф на информативната служба на Министерството за одбрана на Русија.

Росијана Марковскаја е родена на 6 јануари 1991 година. Има дипломирано на Факултетот за журналистика на Далекуисточниот федерален универзитет, потоа работела како дописник и водителка на вести и како авторка на програма на ГТРК „Владивосток“. Марковскаја исто така има работено и во ТВ-каналот „Ѕвезда“.