„Да пукне“: Путин и перуанскиот претседател го прескокнаа протоколот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Меѓународните медиуми и понатаму детално ги анализираат поздравите што Владимир Путин и Доналд Трамп ги разменија за време на нивните средби на самитот на АПЕК во Виетнам минатиот викенд.

Големо изненадување (што се однесува до необичните поздрави меѓу светските лидери) приреди претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински кој, неколку минути пред фотографирањето на сите учесници на самитот, му се доближи на Владимир Путин, ја крена десната рака и направи „да пукне“ со својот руски колега. Откако го прескокнаа протоколот, лидерите си разменија насмевки.

Но, тоа не беше единствениот смешен момент меѓу рускиот и перуанскиот претседател. Пред само една година, во Лима (Перу), Владимир Путин и Педро Пабло Кучински ја покажаа својата добра смисла за хумор пред да го започнат официјалниот состанок. „На кој јазик зборуваме овде?“, Кучински го праша Путин на шпански јазик.

Путин се насмеа и му одговори: „На мајчин јазик“. „Совршено, бидејќи мојот руски е нула“, одговори Кучински и наеднаш почна да зборува на германски: „Јас зборувам малку германски, но на руски не знам ништо“. Рускиот претседател одговори на совршен германски: „Тогаш и јас можам да зборувам на германски ако така сакате“.