Ако барате оригинална идеја за милениче, погледнете го овој човек за инспирација. Овој жител на Нижни Новгород (420 км од Москва) има многу уникатно животно – камерата го забележа како води леопард во прошетка, дури и преку детски игралишта.
Еден од неговите соседи вели дека мажот редовно оди со неговото „милениче“ и не му става заштитна маска. „Луѓето се зачудени. И покрај фактот што во зградата живеат многу млади семејства со деца, тоа не му пречи на сопственикот на леопардот. Леопард, грабливо животно што може да те нападне во секој момент и да те изеде, се шета наоколу без заштитна маска“.
Сѐ уште не е јасно дали човекот има посебна дозвола да чува такво животно во неговиот стан.