Русин освои рекордна добивка на лотарија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Добитното ливче му донесе повеќе од 7 милиони евра.

Жител на Воронешката област во јужна Русија на лотарија освои 506 милиони рубли (7,4 милиони евра), соопшти РИА „Новости“ на 5 ноември.

Овој износ во Русија е досега најголемиот џекпот освоен на лотарија.

Извлекувањето го организираше компанијата „Столото“, која го повика добитникот да им се јави за да ја подигне својата голема награда.