Бестрашните руски „руфери“ ги полнат светските насловни страници веќе со години. Виталиј Раскалов и Вадим Махоров ги освоија египетските пирамиди, статуата на Христос Спасителот во Рио, главната зграда на Московскиот државен универзитет, како и облакодери во Њујорк, Шанхај, Москва, Санкт Петербург итн.
Додека нивните ризични потфати и фотографии кои го одземаат здивот им се добро познати на сите, се појави уште едно ново руско лице. Нејзиното име е Ангела Николау.
Нејзиниот Инстраграм-профил неодамна стана вирален. Таа прави „ластовици“ на високи згради, мостови и индустриски комплекси, снима селфи со гимнастички вратоломии на работ на облакодер без заштитна опрема.
Во Москва Ангела во освојувањето на покривите оди заедно со пријател – кученце со три нозе кое не се плаши да позира пред Кремљ.