3 најстрашни вести што американските медиуми ги објавија за Русија во последно време

Reuters
Заборавете на зомби, вештерки, мумии и вампири. Додека Америка ја славеше Ноќта на вештерките, најстравотните демони од пеколот се руските агенти и хакери. Американските медиуми се опседнати со Русија зашто на Американците им се зборува дека се соочуваат со обид нивната земја да се уништи. Можеби сум пристрасен, но поголемиот дел од овие вести делуваат лажно и параноично. Ова се трите најстрашни и најлуди вести што американските медиуми ги објавија за Русија во последнава година.

Тајната полиција на Русија ја користи играта Pokémon Go за ширење расна нетрпеливост во Америка 

Да, од тие смешни мали виртуелни суштества кои и американските деца веројатно се обидувале да ги фатат во Сентрал парк минатото лето, Русија направи оружје! Според пишувањата на Си-Ен-Ен токму Русија ги навела симпатизерите на движењето Black Lives Matter да ја играат играта во близина на места кадешто се случувале полициски бруталности. 

На играчите им било речено на своите ликови во играта да им даваат имиња на жртвите од тие инциденти, што очигледно ја следи целта за ширење расна нетрпеливост. Така се појави Покемон-лик по името на Ерик Гарнер, како што се викаше Црнецот кој еден полицаец од Њујорк го задави со голи раце. 

Јас, всушност, не знам како да го коментирам ова. Покемоните се слатки, мили суштества, кои дури ни лошите Руси не би ги користеле во своите валкани геополитички игри. Во секој случај, сите знаат дека во САД не постои расна нетрпеливост. Ако некој ви каже поинаку, тоа е сигурно руски агент.

Путин ја хакирал американската електрична мрежа 

За овој алармантен настан во Вермонт минатиот декември соопшти Вашингтон пост, а веста брзо ја презедоа други големи медиумски куќи. Такви сме ние Русите: хакираме сé што ќе видиме – избори, електрична мрежа, електронската пошта на Хилари Клинтон... 

Како што тоа секогаш се случува со ваквите статии, Вашингтон пост цитираше „анонимни“ извори и ширеше параноја, поставувајќи застрашувачки прашања од типот: Има ли Руси и во други мрежи? 

Гувернерот на Вермонт Питер Шумлин го кажа токму она што еден силен американски водач мора да го каже во ваква ситуација: „Сите Американци би требало да бидат вознемирени и огорчени поради тоа што еден од водечките светски разбојници, Владимир Путин, се обидува да ја урне нашата електрична мрежа од која зависи нашиот квалитет на животот, економијата, здравјето и сигурноста“. 

Единствен проблем во сето тоа е што такво уривање никогаш не се случило. Компанијата Burlington Electric ги провери своите компјутери и најде заканувачки код во само еден лаптоп, кој не е поврзан со електричната мрежа на Вермонт... Сепак, нема време за опуштање. Бидете внимателни. Руските хакери сигурни коваат други подли планови. 

Руски авиони ги шпионираат местата за одмор на Трамп 

Секако! Живееме во свет во кој сите меѓусебно се шпионираат: Google го шпионира Facebook, Uber го шпионира Lyft, а вас веројатно ве шпионира бившото момче или девојка! Но, Русите се доволно паметни да ги најдат најдобрите локации за шпионажа. 

На пример, во август американските медиуми јавија дека руски нисколетачки шпионски авион е забележан над Вашингтон и Бедминстер (Њу Џерси), каде претседателот Трамп одморал на своите терени за голф Trump National Golf Course. Руски шпионски авион Тупољев Ту-154М летал во близина на игралиштата за голф на висина од околу 1.200 метри, за потоа да се подигне на висина од околу 1.500 метри и да се изгуби во воздушниот простор на САД. 

Видете, голфот не е традиционална игра во Русија каде поголемиот дел од територијата половина година е покриена со снег. Ако сакате да научите да играте голф, како што би сакале многумина вработени во Кремљ, тогаш шпионирањето од воздух е најдобар начин за тоа. Најверојатно Путин ги испратил своите најдобри агенти да летаат над игралиштето за голф за да дознаат како тие подли Американци уживаат во еден од најздодевните начини за губење време. 

Не зачудува ни тоа што според пишувањата на американските медиуми дека руските шпионски летала ги има насекаде, особено кога го следат Трамп до Менхетн. Вистината, веројатно, е попрво бенигна, одошто малигна. Некаде во Москва постои армија осамени агенти на ФСБ на кои им е забрането да патуваат во странство, а тајно се вљубени во Њујорк и ја користат секоја можност да фрлат поглед на него.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња