„Лута како Путин“: Ресторан во Вашингтон понуди пица во чест на роденденот на рускиот претседател

Greg Lovett/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Американскиот ресторан Ledo Pizza во чест на претстојниот роденден на рускиот претседател стави на своето мени пица Hot Like Putin (Лута као Путин).

„Путин е многу харизматичен лидер. Одлучивме да му го честитаме роденденот така што ќе направиме пица и ќе ја наречеме според него“, ја објасни менаџерот Тарик Диаб одлуката на ресторанот.

Акцијата на ресторанот на авенијата „Висконсин“ во најстариот дел на Вашингтон Џорџтаун ќе трае три дена, од 7 до 9 октомври.

„Се наоѓаме недалеку од руската амбасада. Нивните службеници често доаѓаат кај нас. Многумина Руси се наши постојани клиенти. Се надевам дека новата пица ќе им се допадне, како и на другите гости“, рече Диаб.

Пицата ќе чини 22,5 долари, а нејзината специфичност се киселите краставички.

Никогаш претходно не сме им нуделе на клиентите пица со кисели краставички, без оглед на тоа што имаме голем избор, рекоа од ресторанот.

Додатокот ќе биде оригинален пикантен сос со црвен пипер.

Сепак, од ресторанот признаваат дека идејата за „руска пица“ не е нивна.

„Претходно бевме замолени за еден настан на рускојазичната заедница да подготвиме „руска пица“. Кога се заинтересиравме од што би требало да биде направена таквата пица, ни беше кажано од говедско месо, лук и кисели краставички и дека треба да има пикантни зачини. Направивме и им се допадна“, рече Диаб.

Рускиот претседател Владимир Путин на 7 октомври го слави својот 65 роденден.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња