Авто-тјунинг ателјето Truck Garage од Санкт Петербург, кое порано се занимаваше со тјунинг на пикап-возилата Toyota Tundra, Ford F-серијата и Dodge RAM, одлучи да изработи мала серија на унапредени советски теренски возила ГАЗ-69. Во основата на возилата ќе бидат оригинални автомобили во кои ќе бидат вградени нови мотори, автоматски менувачи, оски и др.
За погонски систем планирано е да бидат искористени половни мотори од Chrysler Hemi V8 од 5700, 6100 или 6400 кубни сантиметри, така што од оригиналното возило ќе остане само шасијата, која исто така ќе биде унапредена.
За „69“ ќе биде направен поудобен ентериер кој по стилот ќе потсетува на кабините на возилата од 60-тите години, но ќе бидат опремени со современ мултимедијален систем и современ клима-уред. За обновениот ГАЗ-69 петербуршките мајстори ќе бараат околу 4 милиони рубли (околу 52 000 евра). Изработката на првото возило е веќе во тек, пренесува порталот Auto.mail.ru.
Сериското производство на моделот ГАЗ-69 почна на 25 август 1953 година во Фабриката за производство на моторните возила „Горки”, а 1953 година производството беше преземено од поранешната фабрика УлЗИС (подоцна УАЗ), која во текот на војната ги произведуваше камионите ЗИС-5В. Во Советскиот Сојуз производството на „шеесет и деветката“ траеше до 1972 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче