Руски продавници вработија две мачки

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Додека едната е само приправник, втората е веќе задолжена за контрола на точењето на пиво!

Градот Перм (1400 километри од Москва) го зафати лудило по мачки. На страницата на социјалната мрежа „Активен Перм” се објавени фотографии на мачки кои гордо ги носат своите картички со функцијата и името како работници во продавниците.

Првата мачка е приправник и главно е задолжена за надгледување на конзервите во магацинот. Стручњак е за месо, риба и храна за мачки, се шегуваат некои интернет корисници. 

Нејзината крзнена другарка, меѓутоа, има значително поимпресивна работна биографија, со оглед дека напредувала на скалата на вработени сѐ до позицијата шеф на одделението за пиво на точење. Некои корисници се прашуваат дали шепите на мачката можеби не ѝ помагаат во работата, со оглед на тоа дека вештото ракување со робата е многу важна ставка!