Москва е четврти најдобар мегаполис во светот за жени

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Руската престолнина исто така им овозможува на жените добра здравствена заштита, образование и економски просперитет.

Москва е еден од најбезбедните градови за жени, се вели во истражувањето што го направи Thomson Reuters Foundation. 

Во истражувањето се тврди дека руската престолнина (со популација од 12 милиони жители) е најнеопасниот град „кога станува збор за штетни културни практики како што се осакатување на женските гениталии и присилен брак“. 

Москва е вториот најбезбеден град по Токиo кога станува збор за сексуално насилство или малтретирање. 

Експертите забележуваат дека московските жени имаат добар пристап до здравствена заштита, едукација и други економски можности.