Путин му дозволи на студент да го штипне за да се увери дека е реален

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Штипни ме“, му вели рускиот претседател на едно момче кое не може да поверува дека пред него стои вистинскиот Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин му понуди на еден учесник на Светскиот фестивал на млади и студенти во Сочи да го штипне за да се увери дека пред него стои вистинскиот лидер на Русија. 

„Чувството е... не можам... стојам пред претседателот на Руската Федерација! Јас... јас не можам да поверувам“, вели момчето од Нигерија на чист руски јазик. 

„Штипни ме“, вели Путин, за веднаш потоа тој самиот да го штипне момчето.