Шарапова во кинескиот град Тјенѓин во финалето ја победи белоруската тенисерка Арина Соболенко.
30-годишата Русинка ја победи 19-годишната соперничка во два сета: 7:5, 7:6. Мечот траеше повеќе од два часа. Наградниот фонд на турнирот е повеќе од 425 илјади долари.
Шарапова последен пат освои WTA турнир во мај 2015 година во Рим.
На 17 октомври Шарапова ќе учествува на Купот на Кремљ во Москва со меч против Магдалена Рибарикова од Словачка. Шарапова во вторник првпат по 10 години ќе излезе на теренот во рускиот главен град.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче