Жител на Челјабинск продава советско оклопно возило

Wikipedia.org
Жител на рускиот град Челјабинск објави оглас за продажба на борбено возило за извидување БРДМ-2 за 750 илјади рубли (околу 11 илјади евра).

Според информациите наведени во огласот, максималната брзина на ова оклопно возило е 90 километри на час, а потрошувачката на гориво 30 литри бензин (АИ-80) на 100 километри. Борбеното возило може да се движи како по сув нерамен терен, така и по терен покриен со вода. Превезува до седум лица.

Според зборовите на сопственикот на оклопното извидувачко патролно возило, тоа е во одлична состојба и е регистрирано. Инаку, за управување со вакви возила е потребна возачка дозвола од категорија Ц.

„Вградено е електрично палење, сипан е антифриз, вентилот за пумпање на гумите е заменет со нов, има резервен вентил за кочење. Со возилото ќе дадам контакти за сите резервни делови за оваа техника. Може да се движи по апсолутно сите патишта за општа намена и надвор од патишта. Во град задолжително ќе привлечете внимание. Возењето не е ништо потешко од возење на УАЗ“, тврди сопственикот на оклопното возило.

Тој истакнува дека тоа е цивилна варијанта на возилото и дека специјалната опрема што ја има е демонтирана. „Возилото би  одговарало за ловци, а може да се користи и за воени игри. Или за бизнисмени: во Москва и другите градови претприемачите често возат токму БРДМ”, се наведува во огласот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња