Автомобил од кожа на бизон се продава во подмосковскиот град Химки

Погон на „Тојота“.

Погон на „Тојота“.

Јуриј Смитјук/ТАСС
Цената на автомобилот Toyota Crown 2013 изнесува речиси два милиони рубли (околу 29 илјади евра).

Во вторникот, 8 август, беше соопштено дека во Химки се продава автомобил Toyota Crown чија каросерија е покриена со кожа од бизон. Ова го објави информативниот портал „Подмосковје Денес“ (Подмосковье Сегодня). Се истакнува дека во Химки се продава автомобил, покриен со кожа од канадски бизон и со крзно од уникатна северна видра.

Цената на автомобилот Toyota Crown 2013 изнесува речиси два милиони рубли (околу 29 илјади евра). Треба да се додаде дека иако колата е украсена со крзна на исклучително ретки животни, сепак купувачите не итаат да го имаат овој уникат, затоа што не знаат што да прават со автомобилот во случај на дефект.

Вреди да се спомене дека автомобилот секој ден може да се види во главниот град на Русиjа, а во текот на ноќта автомобилот не е во гаража или на паркинг, туку останува во дворот. Токму затоа колата стана локална знаменитост, пренесува „Инфореактор.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња