10 непотребни нешта со кои е затрупан секој руски балкон

Илустрација: Григориј Авојан
Русите секогаш се во очекување на Апокалипсата. Доволно е само да погледнете на што личат нивните балкони за да дојдете до таков заклучок. Russia Beyond ви нуди список на најчудните ствари кои луѓето ги оставаат за црните денови.
  1. Дрвени скии

Некои луѓе се во состојба да чуваат со години макар една дрвена скија. Доколку прашате некој руски пријател зошто, се обложуваме дека ќе ви одговори „За секој случај!“. Можеби ќе се најде за потпалување печка или да се убие вампир (секако, ако претходно се изделка колец)...

Всушност поголемиот број луѓе ги чуваат скиите од носталгија. Ги потсетува на младоста. Доколку сте можеле себеси да си дозволите скии во советската доба, навистина сте биле среќен човек. 

  1. Руски тег

Во Советскиот Сојуз популарни беа теговите од 32 килограми. Мнозинството мажи имале еден или два вакви тега дома. Сега теговите се покриени со прав на балконите. Порано некои луѓе мислеа дека комунистите на тој начин ги кријат златните резерви, во облик на тег. Можеби теговите сè уште се чуваат со надеж дека во нив има 32 килограми злато?

  1. Тегли од 3 литри

Потребата за киселење зеленчук во тегли ја има секој Русин од мали нозе. Дури и ако семејството нема дача каде можело да се одгледува зеленчук, или немало време за тоа, на балконот сепак има еден куп вакви тегли. Можеби ги чуваат за слатко или за резултатите од долгите прошетки низ шумите каде се собираат печурки?

  1. Стар фрижидер

Ниту еден руски балкон не е комплетен без стар и расипан фрижидер. Извадете ги полиците и ќе добиете одличен гардеробер за стара облека. А, можеби прво треба добро да го исчистите.

  1. Старо радио и телевизор

Старата руска поговорка вели: Никогаш не фрлајте ги старото радио и телевизор. Се шегуваме, секако. Не постои таква поговорка. Но, многумина Руси не обрнуваат на тоа и ги чуваат расипаните апарати само за да ги... чуваат.

  1. Четки за молерисување

Постои ли нешто покорисно од стари молерски четки покриени со скаменета боја? Но, Русите се можеби единствените луѓе на планетава кои ги киснат четките во вода или во терпентинско масло по користењето. Ете зошто има толку вакви четки на руските балкони.

  1. Секира

А, како од онаа останата скија ќе направите дрво за огрев?

  1. Домашен сапун

Денес речиси никој не пере облека со домашен сапун. Но, многумина чуваат големи кутии со сапун дома. Зошто? Тој сапун нема рок на траење, што е одлично ако останете без прашок, а морате итно да ја исперете долната облека.

  1. Стари автомобилски гуми

Ви даваме можност да смислите барем една добра причина зошто на балконите се чуваат старите автомобилски гуми. Ние останавме без зборови.

  1. Кибрит, сол, шеќер и хељда 

Русите велат дека тоа се „неприкосновени резерви“ или НР. Секој Русин знае што значи тоа и која е цената. Оттаму, веројатно нема да имаме право ако кажеме дека станува збор за непотребни работи, а сакавме да најдеме барем нешто корисно на руските балкони.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња