Владимир Вјаткин / РИА Новости
При посета на пријател, сосед или на познаник, Русите често носат мал подарок. Бонбониера, торта или играчка за детето, можеби цвеќиња. Подарокот не е важен, важен е гестот што ќе го направите.
Извор: Руска реч на македонски
Во советско време луѓето се шегуваа дека Русите пиеле чај со затворено око, за да не го извадат со лажичка. Мистерија е зошто го прават тоа. Но, лажичката ја лади шолјата побрзо и очигледно чајот има подобар вкус.
Евгениј Епанчинцев / РИА Новости
Пред 1918 година, Русите живееле според јулијанскиот календар, кој е 13 дена по грегоријанскиот, усвоен во Европа. Иако Русија одамна премина на новиот календар, сè уште се слави Новата година според стариот наречена стара Нова година. И ако размислиш за миг за ова, постои совршена причина да се слави два пати: два празника, две забави (иако, да бидеме сосема искрени, Русите не си даваат подароци за старата Нова година) и, се разбира, двократна шанса да си посакаш желба. Мора да се додаде дека и во Македонија има две Нови години.
AP
Студеното време не е изговор за да се одречете од вашиот омилен десерт. Некои киосци за сладолед во руските градови се отворени дури и кога температурите паѓаат под нулата. Ако се плашите да се разболите, обидете се со мешање со вкусно руско слатко. Тоа ќе го заштити грлото од студ.
Сергеј Кузнецов / РИА Новости
Русите некако успеваат да направат сè што е можно во последниот можен момент. Тие почнуваат полека, но се одлични играчи - тоа е факт!
Од една страна тоа покажува целосна неможност за претходно планирање, но од друга - огромна способност за експедитивно довршување на работата.
Постои стара шега. Ученикот го прашуваат: „Колку време ти треба за да научиш кинески?“ Тој, пак, прашува: „Кога е испитот?“
Александар Рјумин / ТАСС
Годишниот прекин на топлата вода на неколку дена, студените лета (особено 2017), финансиската криза ... Русите се способни да реагираат на сето тоа со оптимизам. Тие топлат вода во тенџериња, имаат многу џемпери и трпеливост во изобилство.
Она што не нè убива нè прави уште посилно - позитивниот став кон светот е особено важен, не заборавајте!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче