Во Берлин, Париз и Барселона со графити му го честитаа на Путин 65 роденден

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во главниот град на Германија улични уметници по повод роденденот на рускиот претседател Владимир Путин, кој денес полни 65 години, нацртаа графит со неговиот лик и стихови.

На графитот претседателот на Русија е прикажан како седи во фотелја опкружен со бели гулаби, пишува весникот „Известија“. Графитот е проследен со стихови од Шилеровата „Ода на радоста”, кои се и химната на Европска унија.

„Твојте сништа спокој шират,

 злото што го скротува

 Сите луѓе да се смират,

 духот твој ги сплотува“.

Фотографијата од роденденската честитка брзо се прошири на интернет и собра голем број позитивни коментари.

По поводом 65 роденден на рускиот претседател во Париз и Барселона исто така се појавија графити со ликот на Путин.

Телевизијата „Ѕвезда” објави дека во Париз уличниот уметник Skame Retors го нацртал Путин во стилот на плакатите на Владимир Мајаковски и му го честиташе роденденот. Тој на графитот напиша: „Пацифисту, среќен роденден”.

Во западниот дел на Барселона исто така се појави сличен графит со ликот на рускиот претседател. Цртежот е проследен со натписот: „Секој човек има право на самоопределување“.

Исто така, на улиците на Дамаск се појави графит на кој се прикажани руското и сириското знаме со натпис на арапски и англиски јазик: „Среќен роденден, бранителу Путин!”