Италијански пејачи му го честитаа роденденот на Путин

Тото Кутуњо, Ал Бано и други познати италијански музичари му го честитаа роденденот на рускиот претседател Владимир Путин.

На профилот на Фејсбук Vladimir Putin Italian Fan Club 2.0 се појавија видео-честитки до Владимир Путин од светски познати италијански пејачи, пренесува „Взгљад“.

Меѓу оние кои му честитаат на рускиот претседател се пејачот и композитор Тото Кутуњо, Ал Бано, поп-групата „Рики е Повери“, изведувачот Пупо и победникот на фестивалот во Сан Ремо Рикардо Фољи.

На каналот YouTube овие видеа имаат над 300 милиони прегледи.

Текстот со кој се претставени видео-честитките гласи: „Нашите светски ѕвезди му го честитаа роденденот на претседателот на Русија Владимир Путин! Денес претседателот на Русија е главниот борец против униполарниот свет и светскиот тероризам и тој дефинитивно заслужи честитки и поддршка.“

Рускиот претседател денес полни 63 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња