Одмор за очи: Прекрасниот парк во Краснодар

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Се чини дека 2017 година е година на изградба на големи паркови во Русија. Само еден месец по отворањето на паркот „Зарјадје“ во Москва, уште еден град доби свој прекрасен парк.

Паркот е отворен на 28 септември покрај новиот и модерен стадион во Краснодар.

Ова место е полно со зеленило, поделено на тематски зони, вклучувајќи сцена на отворено, видиковец, ѕид за искачување и многу други занимливости.

Вкупната површина на паркот зафаќа повеќе од 22 хектари. Пешачките зони заземаат околу 8 хектари. Во паркот има околу 25 илјади цвеќиња и 2300 дрвја. Главниот „булевар на лалињата“ е долг 618 метри.

Парк и стадионот се изградени во ист стил. Ги дизајнираше германската фирма „GMP International“.

Туристите и фудбалските навивачи веќе можат да уживаат во живописниот поглед. Работите во паркот целосно ќе бидат завршени во 2018 година.

Оваа убавина е финансирана од бизнисменот Сергеј Галицки, сопственик на фудбалскиот клуб „Краснодар“ и еден од најбогатите луѓе во Русија. Благодарение на него се изградени стадионот и паркот.