Руски фитнес клуб нуди поевтина членска карта само за селфи пред огледало

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Алексеј Коваљов покрај тоа им ветува на сите сопственици на овие членски карти праќање снимки од клубот кои непречено ќе можат да ги објавуваат на социјалните мрежи.

За оние кои не сакаат да се напрегнуваат, а би сакале да бидат „ин“, сопственик на мрежа на клубов за фитнес смисли „чесна“ понуда: поевтина членска карта за селфи пред огледало.

Претседателот на холдингот „Алекс фитнес“ Алексеј Коваљов сними шеговито видео-обраќање во кое на потенцијалните клиенти им нуди нов вид на членска карта – чесен фитнес во кој не е вклучен тренинг.

За понудената поевтина цена (околу 15 евра месечно) нема да се има пристап до вежбалната, но ќе може да се влезе во соблекувалните и да се прават селфи или снимки со тренерот колку што се сака.