На денешен ден: Се слави Денот на тигарот на рускиот Далечен Исток

Начин на живеење
СТЕПАН ИВАНОВ
Амурскиот тигар живее најсеверно од неговиот вид

Четвртата недела од септември жителите на Далечниот Исток го слават Денот на тигарот. Идејата за овој еколошки празник се појави во 2000 година, на иницијатива на писателот Владимир Тројнин и на добротворната фондација „Феникс“. Првиот Ден на тигарот во Владивосток беше одбележан со свечена поворка.

Во 2001 година Денот на тигарот доби статус на официјален градски празник. Сега се слави не само во Приморскиот и Хабаровскиот крај, туку насекаде во Русија, па дури и во Европа.

Амурскиот тигар е најсеверниот подвид на тигарот. Покрај Русија, живее во Кина и Северна Кореја, но вкупниот број на овие животни е катастрофално мал. Денес, околу 450-500 од овие големи мачки живеат во шумите на Приморскиот и Хабаровскиот крај.