10 луди нешта кои се можни само во Русија

Новогодишна корпоративна забава

Новогодишна корпоративна забава

Владимир Смирнов/TASS
Тоа е најголемата земја во светот. Има 147 милиони луѓе, Црвениот Плоштад, Ленин и Бајкалското езеро. Тоа го испрати првиот човек во вселената, има огромна количина на сурова нафта и Владимир Путин. Ова е она што најмногу на светот мисли за кога мисли на Русија. Но, постојат и многу други неверојатни работи што ќе ги откриете ако дојдете да ја посетите.

1. Русите пијат сок од дрво

Дали некогаш сте пробале сок од брезово дрво?

Точно. Сок од дрво. Она што е уште поважно, од многу рана возраст. Сокот од брезово дрво е еден од најпопуларните традиционални руски пијалаци, па Русите добро го знаат вкусот на брезите. За прв пат дошле до идејата уште во стара Русија, кога сокот од брезово дрво, како и квасот (пијалак направен од ферментиран леб и слад), се користел како суровина за производство на вино.

Ако некој Русин ви каже дека сокот е исцедени од брезови трупци, не верувајте му – само се шегува со вас. За да се добие сокот, мора да се оди во една шума помеѓу март, кога снегот се топи, и на крајот на април. Се прави мала дупка во стеблото длабока околу два сантиметри, се вметнува сламка и тогаш се става тегла под неа. Обично, едно брезово дрво произведува меѓу две и три литри сок на ден.

Но, зарем не е чудно да се пие сок од дрво? Можеби. Но, тоа не прави никаква штета на дрвото – најважно е да се затне или да се запечати дупката откако ќе завршите - и конзумирањето е добро за вас. Сокот од бреза има цел спектар на здрави својства. Се смета за корисен за срцето и крвните садови, дава олеснување од едема и се бори против инфекции и расипување на забите, меѓу другото.

2. Русите живеат во мрак до шест месеци во годината

Можете ли да замислите една ноќ што трае шест недели или дури шест месеци? Тоа е реалноста за стотици илјади луѓе во Русија. Во градовите над Арктичкиот круг, поларна ноќта, како и поларниот ден, може да трае неверојатно долго време.

Речиси 178000 луѓе живеат во Норилск (2881 километри од Москва), кој е еден од најстудените и најсеверните градови во светот. Овде, температурите под нулата траат до 280 дена во годината, а летото во конвенционална смисла на зборот не постои. Цени на храната се високи бидејќи доставувањето на било што од централна Русија трае долго време и е скапо, и бидејќи прехранбени производи тука имаат долг рок на траење тие се буквално брз вкус.

Ова се нечовечки услови, ќе речете. Но, во Русија исклучително ниските температури не се нешто од што треба да се плашите. Многу луѓе ја сакаат долгата зима и температурите од -30 степени Целзиусови, бидејќи има повеќе забава во зима отколку во „лето“, кое што едвај дури и да го има. Наместо тоа, во текот на зимата луѓето уживаат во поларната светлина, се занимаваат со зимски спортови и дури и - да, вистина е – прават забави на плажа во текот на зимата.

3. Имаат 118 неработни денови во годината

Новогодишна корпоративна забава

И покрај долгата зима, Русите не стануваат депресивни и не пијат литри вотка секој ден. Тие сакаат забава. Многу забава. И дали знаете колку слободни денови имаат за да го прават тоа? Вкупно 118 дена во годината! Никој друг во светот нема толку многу празници. И тоа е  без да се смета годишниот одмор.

За нас е тешко да им го објасниме на странците значењето на деветдневниот одмор во текот на новогодишните празници и зошто Русите ја слават Новата година на 31 декември според Грегоријанскиот календар, и потоа повторно на 13 јануари според  Јулијанскиот календар и ја нарекуваат Стара нова година. Или зошто некои Русите ја слават Новата година 11 пати - еднаш за секоја временска зона во државата. Само за забава. Ете зошто.

Во Улјановск, губернаторот дури и воведе нов празник наречен Денот на зачнувањето (12 септември) по што стапката на наталитет во јуни е зголемена двојно!

4. Играат руски луд голф

Што да направите ако сезоната за голф во Русија трае само пет месеци, а играта е популарна? Очигледно, одговорот е да играте во сите годишни времиња и на сите временски услови. Во Русија, се игра голф на снегот и има дури и поегзотична верзија на играта наречена хеликоптерски голф.

Натпревари во хели-голф се одржуваат секоја година. Пилотот, навигаторот и играчот се обидуваат да движат огромна топка  преку полето со пречки колку што е можно побрзо од хеликоптер. Излегува дека тоа не е толку брзо и е прилично бизарно за гледање. Но, луѓето тука веруваат дека долгата зима не е причина да ги изневерат своите клубови.

5. Си честитаат едни со други по туширање или кога излегуваат од бања

Комплексот сауни „Рубљовские бањи“

Генерално не очекувате да ви се честита кога ќе излезе од туширање или од капење, нели? Повторно, ова е можно само во Русија. „Се надевам дека уживавте во сауната“, велат Русите, буквално честитајќи добро капење.

Тоа е она што луѓето во старо време кои само се капеле во бањите го кажувале. Во минатото човек можел да се отруе од јаглерод моноксид во бања, така што честитањето има смисла. Во денешно време луѓето го кажуваат тоа само од навика, иако со искреност.

6. Сметаат дека големината е важна

Луѓе гледаат во огромните валенки направени од уметникот Валерија Лошак
 



 

„Поголемо е подобро“. Русите се манијаци за сè што е огромно. Во Русија ќе ја најдете највисоката зграда во Европа, најголемиот  трговски центар во Европа, најголемата подморница на светот, најдолгата железничка линија, најголемата продавница за деца во Европа, огромна балалајка-контрабас и, до неодамна, највисокиот и најдолг висечки мост во светот. Тие дури го направија и најголемиот фиџет спинер на светот и всушност успеаја да го вртат! Кога одите на гости кај руски пријатели, бидете подготвени за маса преполна со храна и пијалак, и ако одите на скара, бидете подготвени да седите надвор бесконечно долго јадејќи шашлик (на огромни раженчиња) и да ве касаат (можно е огромни) комарци.

7. Живеат дома со мечки

Најпопуларниот стереотип за Русите всушност има некакво оправдување. Сепак, не секој Русин чува мечка во својот стан, тоа го нема. Властите долго време се обидуваа да го забранат чувањето мечки дома како домашни миленичиња, но практиката останува совршено легална. Нивните сопственици ќе добродушно ќе слегнат со рамениците и ќе ве уверуваат дека мечката е пријателски настроена и никогаш нема да ве повреди. Дали би им поверувале? Ако видите мечка како ја шетаат на улица, ви препорачуваме да не се доближувате премногу до неа.

8. Сѐ уште се возат во тролејбуси

Тролејбус во Москва

Ова возило, нешто помеѓу автобус и трамвај, останува многу популарно во Русија. Неговите столбови, кои стрчат како животински рогови, го прават тролејбусот несмасен и тежок за управување. Многу европски и пост-социјалистички земји го напуштија ова технолошко чудо, но не и Русија, каде евтината електрична енергија  обезбеди овој начин на транспорт да продолжи да живее. Сега можете во тролејбус дури и да пристапите до интернет бидејќи многу од нив имаат инсталирано wi-fi.

9. Јадат супа секој ден

Дали би сакале малку боршч?

Просечниот Русин не може да преживее без супа. Затоа, немојте да се изненадите ако сте поканети кај некого дома и ако видите дека ве чека огромно тенџере со супа. Најверојатно ќе биде полно со боршч (кој повеќе наликува на варена салата послужена како супа). Супите се вообичаени за ручек и се најдобри како предјадење. Но, исто така, вообичаено е ручекот да се состои само од супа. Се служи со леб или сало (налик на панцета)... Да, Русите навистина имаат вкус за супа.

10. Постојат луѓе во Русија кои јадат еленски рогови и си играат со клунови од птици

Дете на фармата за ирваси „Харп“ во селото Красное (Ненецки автономен округ)

Русија е најмултиетничка држава во светот со над 200 различни етнички групи. Денес околу 42000 жители на земјата се староседелци. На пример, Ненеците, кои ги има околу 30000, живеат во тундрата на Далечниот Север. Тие градат шатори од кожа на ирваси, јадат еленски рогови од млад ирвас, како деца си играат со клунови на птици и живеат номадски. Исто така, децата на Ненеците ги носат на училиште со хеликоптер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња