Нуркачи од дното на Бајкалското езеро извадија авион, хеликоптер и 92 автомобили

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во уникатната операција на чистење на прочуеното езеро која Министерството за вонредни состојби на Русија ја спроведе под називот „Кристална длабочина“ нуркачите-спасувачи го истражија дното на Бајкалското езеро и на површината извадија остатоци од голем габарит кои можеа да бидат сериозна еколошка закана.

Спасувачите пред почетокот на акцијата направија прецизна мапа на објектите кои се наоѓаат во езерото. Во текот на експедицијата нуркачите забележаа навистина импресивни резултати и на брегот на Бајкалското езеро извлекоа 92 автомобили, 18 чамци, шест машини за чистење снег, по два мотоцикли, трактори, хеликоптери и дури и еден авион.

Меѓутоа, со извлекувањето на техниката која на најразлични начини се нашла на дното на Бајкалското езеро, работата не е завршена. Како што нагласи началникот на Бајкалскиот одред на Министерството за вонредни состојби на Русија Михаил Сукманов, многу е важно да се пронајдат сопствениците на извадените остатоци и да им се предадат заради рециклирање, се вели на веб-сајтот на порталот „Рамблер“.

Според информацијата објавена на официјалниот сајт на Сибирскиот регионален центар, припадниците на министерството спровеле во Иркутската област уникатна операција во која се извадени повеќе од сто единици потоната техника.

Борба за зачувување на недопрената убавина на Бајкал

Бајкалското езеро најатрактивна природна убавина во Русија