Министерството за одбрана на Русија се подготвува во Европа, во Америка и во Азија да отвори синџир продавници за облека под називот „Армија на Русија“. Првиот чекор во таа насока ќе биде прилагодување на сајтот на барањата на странските корисници, што ќе им овозможи да купуваат руска воена опрема без да излегуваат од дома.
Според тоа, за неколку месеци ќе можете да го облечете вашето дете за да изгледа како офицер на руската армија. Дали е тоа она за што сонувавте?

Извор: Денис Кожевников/ТАСС
Вие и вашите деца ќе имате можност да се прошетате по улица во најмодерната униформа на припадниците на руските специјални единици кои во овој момент се борат против терористите на „Исламска држава“.
Обрнете внимание, во овие продавници нема да се продава оружје. Доколку сакате вашите деца да пробаат пукање и гаѓање во мета, ќе морате за тоа самите да се погрижите.

Извор: Омар Санадики / Reuters
Со други зборови, нема да можете да ги купите новите руски автомати АК-12 или АК-15, но можете да почувствувате како е да се биде припадни на специјалните единици, барем во мирновременски услови.
Исто така можете да купите објала кои се носат во руската армија.
Извор: Armiya Rossii
А, што велите на тоа да имате „воен“ златен Ајпад мини во кутија од црвено дрво?
Извор: Armiya Rossii
Можеби повеќе ви се допаѓа свилен шал со воени симболи? Тоа може да биде убав подарок за вашата девојка или за вашата сопруга?
Извор: Armiya Rossii
Во блиска иднина „Армијата на Русија“ ќе ја презентира својата нова колекција „есен-зима 2018“. Како што велат претставниците на овој проект, сиот понуден асортиман ќе биде побрзан со воената кампања во Сирија и со напорите што руските војници ги вложуваат во борбата против терористите на Блискиот Исток.